Mavrovo tour flyer



ИнформацииПрограмаМапаФормулар за регистрацијаГалеријаEnglish version

Велосипедска и пешачка тура Маврово


Турата Маврово, којашто се одржува во јуни, стана традиционален годишен рекреативен настан. Започна во 2009г. на иницијатива на Амбасадата на Кралството Холандија, општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово со цел да се промовираат природните убавини на Националниот парк Маврово, особено Мавровското Езеро и околината, како и да им се овозможи на велосипедските и пешачките ентузијасти да уживаат во еден ден во природа.


Уште од 2009г., настанот доби зголемена популарност кај велосипедистите и рекреатвните планинари од цела Македонија, заради убавата локација на турата, интересната програма и опуштената и славеничка атмосфера во текот на денот. За да може секој да дојде во Маврово и да го понесе својот велосипед со себе, организаторите традиционално овозможуваат превоз во двата правца за луѓето и за нивните велосипеди* за симболична сума.


Првата тура се состеше од различни велосипедски и пешачки патеки, од 2 km до целосна (велосипедска) трка околу езерото, вклучувајќи ја и можноста за планинско возење велосипеди низ сафари паркот Бунец. Во текот на денот беа организирани специјални активности за деца, како и музички настапи на различни локации. Пред почетокот на турата се спроведе и акција за чистење на туристичките места околу езерото, во која беа вклучени деца од локалните училишта и вработените во општината, во националниот парк и од Амбасадата.


Во 2010г. програмата за настанот беше збогатена и во неа беше вклучена планинската велосипедска тура „Галичник“, традиционалнaта рекреативна велосипедска трка околу Мавровското Езеро, рекреативни активности за деца, посета на пештерата Шаркова дупка и возење со жичарницата за сите учесници.


Исто така, таа година беше отворен реновираниот плоштад во Маврово, вклучуваќи и сцена, клупи и чешма кои беа реконструирани со помош на финансиската поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со општината Маврово и Ростуше. Понатаму, беше организирана културна програма со модерна и традиционална музика и танци и лотарија со многу награди. Турата повторно беше подржана од уште повеќе хотели, и од нејзиниот традиционален спонзор, Амбасадата на Кралството Холандија.    


Оваа, 2011 година, настанот доби поддршка од традиционалните и од нови спонзори. Повторно ќе се состои од најразлични рекреативни пешачки и велосипедски патеки, вклучувајќи и две планински тури од 83 km и 43 km, и разновидна културна програма и детски активности.  


Не ја пропуштајте оваа единствена прилика да нѝ се придружите оваа година и да уживате во природата во Маврово која ќе ве остави без здив, и која дефинитвно ќе ве привлече да се вратите повторно во 2012г. за четвртата тура Маврово.   


*Иако организаторите на турата Маврово секогаш преземаат сè што е во нивна можност да осигураат безбеден транспорт на велосипедите, тие не преземаат одговорност за штети што можат да настанат за време на превозот.

 

 

Организирано од:

Kingdom of Netherlands Mavrovo National Park Municipality

Спонзорирано од: