• Македонски
  • English
Мени
Почеток
Историјат
Општи информации
Локација
Природни ресурси
Планини и врвови
Хидрографија
Пештери
Биодиверзитет
Флора
Фауна
Спорт и рекреација
Зимски Спортови
Риболов
Планинарење
Други спортови
Туризам
Туристички инфо центар
Туристички понуди
Култура
Сместување
- - - - - - -
Правила за користење
Посети
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
Почеток arrow Планинарење
Планинарски патеки PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Administrator   
7.03.2008.
 
  •  Горна Ледина

Месноста Горна Ледина (планинска куќичка на дрво) е едно многу атрактивно планинарско и излетничко место до кое се стигнува со поаѓање од месноста Стапаров мост кај с. Велебрдо или пак од с. Битуше по обележана патека која е добро проодна и истата поминува низ борова шума која патувањето го прави посебно пријатно. После максимално пешачење од 2 часа се стигнува до местото каде што е поставена интересна планинарска куќичка која е изградена на 4 дрвја и која е опремена со кревети за одмор како и со импровизирана тераса од каде што има беспрекорно убав поглед на долниот дел од кањонот на реката Радика . Местото нуди добри услови за одмор во планина и истото располага со клупи за седење и чешма со природна, ладна и чиста вода за пиење. Покрај другото учесниците на оваа планинарска активност можат да го разгледаат подножјето на планината Дешат како и да соберат некои видови на растенија и тревки со кои ова место изобилува. Интересно е што алтернативна дестинација за посета при враќањето од ова место се водопадите Дуф. После одморот кај куќичката се тргнува по друга патека од самото место и се оди надолу по сртот на планината од каде што за 30 до 40 минути се стигнува над самите водопади а после тоа се слегува и во Дуфскиот кањон.


 Времетраењето на оваа тура е од 6 до 8 часови

 

  • Планинарски патеки во околината на с. Лазарополе

Патека кон врвот Соколица и Црквичката Свети Спас ( № 1)

Патеката води кон црквичката Свети Спас и врвот Соколица каде што е поставен голем крст и од каде што се пружа идилична панорамска глетка кон околните врови и долините на Тресонечка и Росочка Река. Патеката е маркирана и главно добро забележлива што се должи пред се на нејзината честа употреба. Потребно е извесно внимание во шумскиот дел во висина на билото, како и над црквичката Свети Спас. Соколица одсекогаш била важно стратешко место за Лазорополе и пошироката околина бидејки од неа лесно може да се набљудува долината и околните планински падини. На патот кон Соколица се наоѓа Трпкова Чешма. Од место каде што се наоѓате во моментов до врвот Соколица има растојание од 1,7 километри, а треба да се совлада висинска разлика од 136 метри. Потребното време за минување на патеката се движи помеѓу 25 и 60 минути зависно од физичката подготвеност и амбициите. ЈУ Национален Парк Маврово ги моли посетителите за грижливо однесување кон природните и културните вредности во паркот со цел нивно зачувување за идните генерации.

Патека кон Главино Село и Росоки ( № 2)

За движење кон културно историскиот локалитет Главино Село, пештерата Калина Дупка и селото Росоки се одбира патот што се одвојува на десно. Во почетниот дел патеката е помалку изразена заради послаба употреба. На неколку минути од ова место се минува покрај дренажата на водоводот и местото Мачкино од каде што патот продолжува кон локалитетот Главино Село. На стотина метри над Главино Село се наоѓа пештерата Калина Дупка. Главино Село и Калина Дупка се поврзани со многу преданија и факти кои се важни за историјата на Лазорополе. Од Главино Село патот продолжува кон асфалтниот пат за Росоки и Тресонче.

Елен Скок - Лазарополе ( № 3)

Пешачката патеката за Лазорополе води преку месноста наречена Вртешка, чешмата Липовник и влегува во селото кај местото Крс. Должината на патот изнесува 5 километри, а вкупната денивелација што треба да се совлада од ова место до Лазарополе изнесува метри 765 висински метри.Потребното време за минување се движи помеѓу 80 и 150 минути, зависно од степенот на физичката подготвеност и амбициите.Во правец кон Елен Скок движењето е по асфалтниот пат во должина од 2,5 километри и за што е потребно време од 20 - 30 минути.

Патека кон Црквата Света Петка ( № 3-а)

За да стигнеме кај црквата Света Петка прво се движиме по левата патека кон Бошков Мост, а потоа на првата крстосница се одбира десната патека која низ шумата води до малата црква Света Петка покрај која што има извор за кој постои верување дека помага при болести на очите.

ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ

Велосипедска патека околу Лазарополе ( № 4)

Велосипедската патека околу Лазарополе вообичаено се вози од Лазарополе, преку Тресонче, Гарски Мост и назад кон Лазорополе. Од ова место до Лазорополе преку Гарски Мост има 11 километри, а висинската разлика што треба да се совлада во качување изнесува 548 метри. Потребното време за минување на патеката од ова место до Лазорополе се движи помеѓу 45 и 120 минути. За Лазорополе преку Тресонче патот е долг 15 километри со вкупна денивелација од 645 метри и потребно време за минување од 60 до 140 минути. Во делот од патот помеѓу селото Тресонче и Лазорополе просечната стрмнина изнесува 10%, а подлогата е широк земјен пат.


 

Последно освежување ( 23.12.2009. )
 
< Претходно


© 2010 Национален парк маврово
Powered&Designed by Xelmep