Информативна туристичка канцеларија - НП Маврово Информативната Туристичка Канцеларија е формирана од страна на ЈУНП Маврово со директна помош од италијанската невладина организација UCODEP со седиште во Скопје. Во текот на реализацијата на проектните активности беа поставени неколку проектни задачи а проектот се реализираше во три фази од кои првата се состоеше од активности поврзани со прибирање на податоци за регионот(туристички објекти, природни и културни обележја на регионот и сл.), консултации и изнаоѓање на проектни партнери од регионот, формирање на координативно тело за изработка на брошурата и поставување на одредени информации на интернационалната веб адреса http://www.travellingthebalcans.net, осмислување на идните чекори за отворањето на инфо поинт центарот, изнаоѓање на соодветни простории. Втората фаза ги опфати обуките на лицата кои ќе работаат во канцеларијата. Беа обучени две лица кои беа избрани на конкурс а обуката беше реализирана во две фази од кои едната предвидуваше обука во Македонија со предавачи, стручни лица од областа на туризмот од Италија која траеше 5 дена. Во втората фаза беше организирана посета на туристички инфо поинт центри во Италија и истата траеше 5 дена. Во Третата фаза од проектот беше отворена канцеларијата во Маврово и истата е опремена со еден компјутер, интернет и телефонска линија, соодветна канцелариска опрема како и информативен материјал од кој еден дел е изготвен со помош на проектот, а другиот дел е во сопственост на хотели, невладини организации и други приватни организации кои работаат во областа на туризмот. Со успешното реализирање на проектот, се дојде до заклучок дека функционирањето на вакви канцеларии во регионот е неопходно за целосен правилен и рамномерен развој на истиот. Националниот парк во согласност со своите планови за формирање на секторот за маркетинг, туризам, комуникации, развој, план и анализа одлучи овие канцеларии да бидат дел од истиот . Како долгорочен план на паркот е овој сектор да добие свои сопствени работни простории, со растурени инфо поинт центри низ целиот регион, музеј со сегменти од паркот, флората и фауната и сл.
- Информативната туристичка канцеларија има за цел директно да делува при организирањето на туристите при нивната посета на националниот парк, да влијае на економскиот и целокупниот развој на паркот и регионот и да го промовира регионот со сите негови убавини и туристички можности. Оваа канцеларија која работи во склоп на секторот за маркетинг, туризам, комуникации, развој, план и анализа има задачи да:
- Врши прибирање на податоци поврзани со туризмот( хотели и број на соби, цени за престој, дополнителни услуги и сл) - Дава соодветни, точни и ажурирани - бесплатни информации на туристи кои го посетуваат паркот - Посредува, организира и реализира туристички понуди во соработка со други агенции. - Прибира локални продукти- сувенири и сл. и истите ги нуди на заинтересираните туристи. - Издава дневни дозволи за риболов - Во склоп на секторот за маркетинг, туризам, комуникации, развој, план и анализа да подготвува стратешки развојни програми, проекти за Националниот парк, да дава предлози за инфраструктурно уредување на туристичките локации во паркот, да изработува рекламни материјали, веб страници и сл. - Организира манифестации, и други културни настани. Сектор за маркетинг, туризам, комуникации, развој, план и анализа
[ Download Центар ] [ Услиги на инфо центарот (.pdf) ] [ Комуникација за штампа (.pdf) ] |