Во организација на Друштвото на екологистите на Македонија (ДЕМ) во хотелот Срна во Маврово во периодот од 26-28.02.2010 г. се оджа тренинг работилница на тема „Градење на капацитетите и јакнење на соработката за промоција за меѓуграничната конзервација на природата низ зелениот појас на Југоисточна Европа“
Тренингот ги спои заедно преставниците на граничната полиција, преставниците одговорни за заштита на животната средина и претставниците на цивилното општество од проектниот регион Македонија, Косово и Албанија. Партнерите на проектот одржаа тренинг за преставниците на граничната полиција, Министерствата за животна средина, заштитените подрачја, како и за НВО. Тренингот се фокусираше на проблемите поврзани со менаџирањети и финансирањето на заштитените подрачја, нелегалната трговија со див свет, мониторинг на дивиот свет, подобрување на цивилно-воената соработка за подобар надзор на граничните зони. Исто така се разменија искуства и планови поврзани со меѓуграничната заштита нја природата.
Овој проект е имплементиран од МУЗП Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN International Union for Conservation of Nature) во соработка со Германската федерална агенција за заштита на природата и локалните партнери ДЕМ Мaкедонија РЕЦ Албанија и РЕЦ Косово а е финансирана од Германското Федерално Министерство за Животна средина, Природна Конзервација и Нуклеарна сигурност преку Федералната агенција за Животна средина.