Во периодот од 26 до 28 февруари 2010 г. во организација на скијачкиот центар Маврово ќе се одржи ОСМИОТ аматерски хуманитарен велеслалом. Главната цел и определба овој пат е да се помогне во возобнувањето и враќањето на големината и сјајот на опожарените конаци и билиотеката на Манастирот св. Јован Бигорски. Учество ќе земат повеќе владини и невладини организации, реномирани претпријатија, со по три рекреативни претставници од истите. Котизацијата за натпреварот изнесува 200 евра или 12 000 ден. во денарска противредност (вкупно за сите три члена) по екипа. Истите средства ќе се уплатуваат директно на жиро сметката на Манастирот св. Јован Бигорски.
Подетални информации како и програмата и пријавата за Осмиот аматерски хуманитарен велеслалом можат да се добијат во хотел Бистра