На 11.02.2010 некаде околу 15ч во близина на бензинската пумпа на Макпетрол и 300 метри од од манастирот Св. Јован Бигорски падна лавина.Локалното население вели дека вакво нешто не се памети и дека е најголема лавина што досега паднала во овој регион. Лавината пред себе носела дрвја, столбови, камења а истата е измешана со огромна количина на земја-кал. Машините за расчистување работеа на теренот преку целата ноќ и изутринава беа видливи првите резултати до чистењето. Лавината е пробиена од двете страни и во моментов се работи на делот каде што се наоѓа најголемиот нанос. Од луѓето кои се вклучени во акцијата дознавме дека поради огромната количина на скршени и зашилени дрвја, се скинале гуми на некои од машините. Сепак тие се надеваат дека со исто темпо ќе се работи и во текот на овој ден а патот би бил прооден во текот на ноќта или рано изутрина.
Повеќе информации кои беа објавени од страна на медиумите, прочитајте на следниве линкови: