СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите жители на Националниот парк Маврово, заинтересирани за учество на конкурсот за доделување на финанскиски придонес за поддршка при создавање на нови приватни дејности, објавен на 15.12.2009 дека рокот за поднесување на апликациите е продолжен до петок, 19.02.2010. Во рамките на ова ќе бидат одржани средби со локалното население со цел да се дадат упатства и помош за пополнување на формуларите како и да се појаснат некои прашања во врска со конкурсот. Средбите ќе бидат одржани на следните дати и следните локации: Сабота, 06.02.2010 9.00 часот – основно училиште, Маврови Анови 14.00 часот – основно училиште, Жировница Недела, 07.02.2010 9.00 часот - основно училиште, Ростуше 14.00 часот - основно училиште, Скудриње Програма на директните средби со локалното население:
- Доставување на материјал и објаснување како да се пополнат формуларите од барањето за учество на конкурсот.
- Останати прашања и нејасности.
|