ЈУ Национален Парк Маврово во соработка со Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во планина, Центарот за планински развој од Скопје, Холандската Развојна Организација во Македонија и Туристичката комора на Македонија го заврши проектот за маркација на планинарски и велосипедски патеки во околината нa с. Лазарополе. Со ова се направи голем чекор во однос на збогатување на туристичката понуда во паркот. Покрај маркираните стази, поставените патокази и информативни табли со проектот се изготви и промотивен материјал кој ќе биде од огромна корист за сите оние кои ќе сакаат да го прошетаат овој преубав регион. За оние кои не го познаваат теренот снимени се GPS мапи од сите патеки и истите можат да се преземат во download секцијата на веб станата или на следниов линк: