Невладините организации ГВЦ и УКОДЕП во соработка со ЈУ Национален Парк Маврово и општина Маврово и Ростуше, во рамките на проектот “Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко туризам во Национален парк Маврово„, финансиран од Италијанската кооперација објавуваат Јавен Конкурс за доделување на финансиски средства за поддршка при создавање на нови приватни дејности. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани кои живеат во рамките на Националниот Парк Маврово да ги подигнат предлог апликациите и да ги пријават своите проектни идеи во просториите на Информативниот центар во Маврово или во општинските простории во Ростуше. Апликацијата може да ја симнете од нашата интернет страница на линкот подолу (кликнете на Јавен Конкурс):