ЈУНП “Маврово„ во соработка со Македонската Асоцијација на интернационални водачи во планина, центарот за планински развој од Скопје и SNV -канцеларијата во Скопје, извриши маркација на неколку планинарски патеки во регионот на с. Лазарополе.Со ова на сите љубители на планинските спортови и планинарењето им се овозможува да поминат пријатни мигови низ прекрасните планински предели во овој дел од националниот парк. Маркирањето е извршено професионално а наскоро ќе биде изготвен и соодветен промотивен материјал како и мапи во електронска форма снимени со GPS кои ќе можат да се добијат во Инфо центарот на националниот парк “Маврово„како и на веб порталот. Проектот е дел од програмите за развој на туризмот во националниот парк и од истиот се очекува зголемена посета на овој регион од страна на домашни и странски гости. Промоцијата на патеките ќе се изврши штом ќе бидат поставени сите дополнителни работи -клупи за одмор, патокази, информативни табли, корпи за отпадоци и сл. Во моментов маркирани се планинските патеки до с. Лазарополе до с. Росоки преку Главино село, с.Лазарополе до мостот Елен скок преку месноста Вртешка и патеката кон црквата св. Петка. Исто така уредена е и патека за планински велосипедизам околу с. Лазарополе.