Градежната група при ЈУНП “Маврово„ ги постави двата нови информативни билборди преку кои сите посетители ќе се запознаат со некои од правилата за однесување во природа. Вакви билборди ке бидат поставени на самиот влез и излез од паркот т.е кај Бунец и Бошков мост. Билбордите се изработени во согласност со проектот за заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам на територијата на Национален Парк “Маврово„. Покрај ова денес беа поставени и две информативни табли во непосредна близина на пештерата Шаркова дупка со што сите посетители ќе имаат можност да ги дознаат основните информации за пештерата а исто така ќе можат да ги искористат контакт информациите доколку сакаат да им се овозможи посета на истата.