• Македонски
  • English
Мени
Почеток
Историјат
Општи информации
Локација
Природни ресурси
Планини и врвови
Хидрографија
Пештери
Биодиверзитет
Флора
Фауна
Спорт и рекреација
Зимски Спортови
Риболов
Планинарење
Други спортови
Туризам
Туристички инфо центар
Туристички понуди
Култура
Сместување
- - - - - - -
Правила за користење
Посети
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
Почеток arrow Локација
Локација на паркот PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Administrator   
7.03.2008.

Паркот се наоѓа во западниот дел од Р. Македонија и спаѓа во територијата на општината Маврово и Ростуше. Се граничи со општините Гостивар, Дебар и Кичево а во одреден дел се граничи со Република Албанија и Република Косово.
Сместен во пазувите на Бистра, Шара, Дешат и Крчин планина, паркот претставува природен резерват во кој што можат да се сретнат безброј убавини.
Националниот парк Маврово денес претставува најголемо заштитено подрачје во Р.Македонија а неговата заштита ја остварува управата на паркот сместена во Маврово. Подрачјето на паркот ги опфаќа југозападните ограноци на Шар Планина,поголем дел од планината Бистра и сите делови на Кораб и Дешат кои се во границите на Р.Македонија
Оддалеченоста од главниот град Скопје изнесува околу 120км.
Границите на Националниот парк Маврово гледано од северна страна кон исток , започнуваат од месноста Шерупа кај границата на Македонија со Албанија а од таму продолжува по безимен поток и оди по патот и реката Црн Камен, од каде што по наклон излегува право на котата 1916. Потоа повторно по косина продолжува по патот на тригонометарот на Расангула каде што започнува источната страна во правец на југ. Од тригонометарот источната граница оди по гребенот на билото Венец и по водоразделот на пасиштата Црн Камен, Фидан, Лера и Морава, седлото Димговска црква, на кои места преминува преку неколку коти за повторно да дојде до водоразделот меѓу Врбенска и Орчушка река до кота 1710.



Од оваа кота се слегува по долга правилна коса, на патот Гостивар Маврово, минува кај Влајница и излегува на кота 1310, од која по израмнетиот рид избива на тригонометарот 1329. Од овде продолжува по рамното било на Шундевски рид, па се по линијата на водоразделот излегува на Сандакташ.
Oттаму преминува на Мал шар (Малишар), прескокнува една кота па преку гребенот Кула и Чукнитапаница,излегува на месноста Три Гроба и оди се до билото на Бистра, за да избие на котата 1202, каде што започнува границата со јужната страна.
Од оваа точка границата од по косина преку Јаворица и месноста наречена Невестин Гроб. Продолжува до билото на Јама, слегува на патот Кичево- Дебар, кон месноста Велајца. Од Велајца оди низ Мала Река до Бошков Мост и продолжува до нејзината утока во Радика. Од Радика се качува на косината Елишица и избива кај караулата Дели Исеница (Луда Исеница) на македонско - албанската граница. Таму завршува јужната и започнува западната граница на паркот. Од ова место границата оди по државната граница на Голем Крчин, па натаму по грницата преку месностите Веливар, Иноска, Плоча, Корапска врата, Кепи бар, Дер Корапи( Голема Корапска Врата)- Кула Зиберит (Ќоселија). Капи Џанит (2122) и од оваа месност избива на Шерупа, каде што и завршува.

 

Последно освежување ( 27.04.2010. )
 


© 2010 Национален парк маврово
Powered&Designed by Xelmep