Започнаа подготвителните работи на локацијата на која што до средината на месец октомври 2009г. ќе биде изграден објектот во кој ќе се смести Информативното туристичко биро. Објектот ќе се изгради како дел од проектот: Заштита на животна средина ,економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во Националниот Парк Маврово ( општина Маврово Ростуше), а според акциониот план, во текот на следната година ваков објект во кој ќе се смести уште еден туристички инфо центар ќе биде изграден во реонот на реката Радика. Објектите ќе бидат од огромно значење за регионот и ќе функционираат според стандардите кои ги има во западно-европските земји. Со ова се навлегува во една нова фаза од овој значаен проект во која што како туристите така и локалното население, бизнис секторот и сите останати засегнати страни конечно ќе имаат можност да ги почувствуваат повратните ефекти. Се очекува се поактивно вклучување на поголем број соработници во самата работа на инфо центрите а со тоа и подобрување на целокупната туристичка понуда во Н.П Маврово, брендирање на голем број производи, класификација и категоризација на сместувачките капацитети и др. Новите Туристички информативни центри ќе бидат изработени од најквалитетни природни материјали.