На 22.09.2009г. беше извршено порибување на Мавровското езеро и реката Радика со нејзините притоки. Акцијата беше спроведена од НП Маврово и е дел од годишната програма за заштита и унапредување на животинскиот и растителниот свет во паркот. Во водите на езерото и Радика беа пуштени 15.000 автохтона пастрмка која за потебите на паркот се одгледува во специјализирани рибници. Порибувањето се изврши во соработка со Институтот за сточарство. Покрај ова како и минатата година така и сега, симболично беа запалени повеќе запленети мрежи со кои се врши криволов на Мавровоското езеро. Сите активности беа извршени во присуство на претставници на МВР како и други стручни лица со што преку акцијата беше потенцирана подготвеноста на сите институции да помогнат во развојот на регионот како и борбата против криволовот и сите други видови злоупотребувања на територијата на паркот.