Превземено од korab.com.mk Почитувани, По повод Денот на осамостојувањето на Република Македонија, 8-ми Септември, Планинарскиот клуб Кораб и оваа година, како организатор, со задоволство Ве поканува да учествувате во, 18-та по ред, традиционална меѓународна планинарска акција ИСКАЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМ КОРАБ. Акцијата ќе се реализира на 06 септември 2009 год. (недела). Оваа година ПК Кораб се погрижи за сите учесници во акцијата да обезбеди еднакви услови за сместување. Обезбедени се 200 легла во државниот студентски дом Томе Серафимовски – Сениќ, булевар Александар македонски бр. 22 (поранешен булевар Едвард Кардељ). Домот е одалечен 4 км од центарот на градот, со кој го поврзуваат повеќе автобуски линии на градскиот превоз.Собите во студентскиот дом се четворокреветни со сопствени тоалети. Во домот на располагање се бесплатни кујни и фрижидери на секој спрат, ресторан-бифе и конференциска сала. Цените на услугите во Студенскиот дом се: ноќевање 400 ден. (6,5 EUR); ноќевање со вечера 550 ден. (9 EUR). Како и предходните години, и оваа година ПК Кораб, за сите учесници, обезбедува автобуски превоз Скопје-Кораб- Скопје. Поголемиот дел од автобусите ќе поаѓаат од Железничка станица Скопје, а дел од пред студентскиот дом Томе Серафимовски - Сениќ. Поаѓањето на автобусите е на 06.09.2009 во 05:00h наутро, а цената за превоз во двата правци, вкупно, изнесува 450 ден (7,5 EUR). За сите учесници во акцијата кои ќе дојдат во Скопје два дена порано ПК Кораб нуди туристичка прошетка низ Скопје и атрактивна планинарска тура Водно – Матка. ПРОГРАМА: 04.09 (петок) – пречекуванње и сместување на гостите 05.09 (сабота) – пречекување и сместување на гостите - 09:00h планинарска тура Водно – Матка, а за оние што нема да планинарат во истиот термин ќе има туристичка прошетка низ Скопје - 15 :00h варќање од Матка во Скопје и туристичка прошетка низ Скопје - 18:00h враќање во Студентскиот дом - 19:00h Свечено отворање на манифестацијата и доделување на признанија и Благодарници - 19:30h состанок со водичите - од 20:00 до 22:00h другарска вечер
06.09 (недела) - 05:00h поаѓање на автобусите, од посочените локации во Скопје кон Кораб - 08:30h време предвидено да пристигнеме на Кораб - 09:00h означување на старт на искачувањето од пред караула Попеда (поранешна Штировица) - 15:00h – “затворање” на врвот за искачување и враќање на учеснициите кон караула Победа, доделување на Признанија и Благодарници и враќање кон автобусите. Испраќање на учесниците - 19:00h поаѓање на последниот автобус
Патеката на искачувањето до Голем Кораб (2754 мнв) е со должина 18 160 m во двете насоки. Истата е маркирана и обезбедувана од водачите на ПК Кораб, а на самата патека ќе има четири пункта за помош и превенција. Стартната позиција е на височина од 1280 метри надморска височина.
Напомени: - Бидејќи враќањето на автобусите ќе биде по редослед на полнење, во автобусот со кој ќе доаѓате да не се оставаат никакви предмети, храна, облека и слично... - Потребна е опрема за есенски услови и високогорско планинарње - Движењето е во строга погранична зона, се молат сите учесници да не се одвојуваат од колоната (маркираната патека) - Се молат сите учесници да не оставаат отпадоци во природата, односно отпадоците да ги вратат до првите контејнери. Да го оставиме Кораб чист, природен, девствен,онаков каков што не примил, величенствен и прекрасен! - Секој учесник сам одговара за своите психофизички можности, здравствена состојба и безбедност. ПК Кораб се оградува од одговорност за недисциплини учесници и нема да одговара за можните последици. За учесниците кои ќе сакаат да останат повеќе денови во Скопје или некое друго место во Македонија, ПК Кораб ќе се потруди да им обезбеди сместување за тие денови. Телефони за контакт: Љубо 070/330-679, Ване 076/427-062, Пепи 070/246-059, Симон 075/410-182, Марија 075/236-524, Сашо 077/800-006 e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
ПК КОРАБ
Претседател Љубомир Котевски |