• Македонски
  • English
Мени
Почеток
Историјат
Општи информации
Локација
Природни ресурси
Планини и врвови
Хидрографија
Пештери
Биодиверзитет
Флора
Фауна
Спорт и рекреација
Зимски Спортови
Риболов
Планинарење
Други спортови
Туризам
Туристички инфо центар
Туристички понуди
Култура
Сместување
- - - - - - -
Правила за користење
Посети
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
Почеток arrow Историјат
Историјат на паркот PDF Испечати Е-пошта
Напишано од Administrator   
7.03.2008.

Националниот парк “Маврово„ е основан со закон на Народното собрание на НР Македонија од 19. 04. 1949 година, со кој шумските предели околу Мавровско поле се прогласени за Национален парк. Според овој закон Националниот парк “Маврово„ е формиран “поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели околу Мавровското поле„.
Главните задачи на управата на НП Маврово се насочени кон заштита на природниот изглед на пределот, животинскиот и растителниот свет во него, градежните и другите објекти како и кон сите особености на пределот, за да послужат што подобро за исполнување на целите поради кои овој регион е прогласен за Национален парк.
Во рамките на првобитните граници површината на паркот изнесуваше 11.750 хектари. Со измените на законот за основање на националниот парк, на 03.07.1952 година дојде до проширување на границите на паркот а со тоа неговата територија се зголеми за 6 пати или на 73.088 хектари.
Во новите граници се најдоа 36 населени места од 4 локални предели познати како Мавровска котлина, Горна река, Мала река и Долна река.



Последно освежување ( 28.04.2010. )
 


© 2010 Национален парк маврово
Powered&Designed by Xelmep