Работилницата во Маврово бепе одржана на иницијатива на СНВ Секторот за Туризам поради потребата за инволвирање на сите заинтересирани Туристички Инфо Центри во натамошните чекори во нивното вмрежување и ефикасно функционирање. Постоечката агенда на работилницата беше изработена од Нехат Рамадани, СНВ Виш Советник за Туризам кој што беше и модератор на целиот настан. Воведниот говор како и презентација за активностите на СНВ беше увертира за добрата работна атмосфера помеѓу учесниците што и се покажа како резултат на крајот од работилницата. Учесниците го потенцираа успехот на договорот за вмрежување прифатен од страна на 11 од 13 Туристичко Информативни Центри во Македонија. Еден од најважните моменти на овој настан беше, секако, потпишувањето на Меморандумот за Разбирање и Соработка помеѓу учесниците (претставниците на ТИЦ) од една страна и СНВ од друга. Овој акт на потпишување на Меморандум ги охрабрува сите потписници да имаат проактивна улога и поголемо учество во тоа што СНВ го има зацртано како ултимативна цел од ова вмрежување а, тоа е подобрување на веќе постоечките услуги, начин како да се изнајдат решенија за проблемите кои егзистираат како и најголемата грижа – изнаоѓање на модел за самоодржливост. Сите учесници се сложија дека оваа иницијатива доаѓа во крајно време поради фактот дека досега никој не изјавил желба и интерес за собирање на сите заинтересирани страни на едно место каде проблемите, моменталните состојби и можните решенија ке бидат дискутирани. Сите претставници на ТИЦ ја одржаа својата индивидуална презентација концнтрирајќи се на главните проблеми и предизвици со кои се соочуваат денес. Генерално, главниот проблем е како да се генерира приход за одржливоста на Туристичкиот Информативен Центар. Различните искуства докажаа дека поради фактот што најголем број на ТИЦ се всушност проект или дел од проекти кои имаат одредено времетраење, од голема важност е да се размислува и за иднината, покрај моменталните проблеми. Фискализацијата беше претставена како голем проблем поради финансиските проблеми за набавка на опремата како и целокупната административна работа во смисла на регистрирање на ТИЦ како приватна фирма, друштво итн. Повеќето од Туристичките Инфо Центри се пожалија на лошата комуникација со образовните институции како Средните Училишта за Туризам или Факултето за Туризам кои претставуваат најголем извор за пракса на студенти. Со ова би се решил проблемот околу бројот на вработени кои ефикасно би работеле во Туристичките Инфо Центри. Во текот на настанот уште еден проблем се произнесе како важен, а каде СНВ се изнајде да помогне со своето искуство и контакти е поврзување на ТИЦ со приватниот сектор. Ова беше спомнато во една од презентациите како можен стратегиски чекор за креирање на обостран бенефит и одржливост. СНВ виде можност за активно учество во развивање на капацитетите на Туристичките Инфо Центри во смисла на зголемување на квантитетот и квалитетот на услугите според веќе докажани успешни искуства и примери. Голем број од учесниците изјавија потреба за имплентирање на категоризацијата, која што е успешен производ на СНВ, на прватните капацитети во регионите каде што се наоѓаат. Во прилог на ова, СНВ веќе има успешна сторија за имплементирање на категоризацијата во општината Берово како и фактот дека во моментов е во процедура во општината Маврово. Друг проблем до кој се дојде за време на презентациите беше фактот што локалното население не е освестено за можностите кои ги нуди туризмот за нивен бенефит. Во таа насока, локалното население кое поседува куќи, станови или било кој друг облик на приватно сместување, избегнува да комуницира со локалниот Туристички Инфо Центар поради стравот од плаќање на задолжителна туристичка такса. Од друга страна, редовната комуникација и размена на информации би создала ланчано поврзани позитивни ефекти како и зголемување на квалитетот на услугите понудени во секторот. Во некои региони пешачките и планинарските патеки не се обележани кои се од круцијално значење за развивање на овој тип на туризам. Ова исто така се поврзува со друг проблем во смисла на немање доволно промотивен материјал кој би бил од значење и за тур операторите и туристите. Заклучоци Едногласно беше усовено дека оваа иницијатива ке биде активна и во иднина. Преку работниот план, СНВ ке им помогне на Туристичките Инфо Центри да се поврзат со бизнис секторот на повисоко ниво што ке значи потенцијално генерирање на взаемна корист на подолг временски период. Странските искуства се корисни, но сепак, не би можеле да бидат буквално копирани и имплементирани со оглед на различноста на ситуациите и околностите. Она што е најважно е дека од двете страни има согласност дека иницијативата и организирањето на слични настани како оваа работилница се ветувачки и позитивен чекор за натомшна соработка и развивање на туризмот. ДАТА: 26.06.2009 Локација: Маврово, Хотел Срна Присутни: ТИЦ претставници на: Маврово, Скопје, Матка, Тетово, Битола, Гевгелија, Кочани, Дојран, Крушево, Крива Паланка; СНВ Сектор Туризам: Нехат Рамадани, Дејан Ташков, Дарко Шумански, Никола Петрушевски |