Започна поставувањето на првата од двете “влезни порти„ во Национален Парк “Маврово„. Идејното решение за портите е оригинално и уникатно а тие ќе бидат поставени во Бунец и во близина на месноста “Бошков мост„. Портите се изработени од најквалитетен природен материјал. Со ова Јавната установа НП “Маврово„ докажува дека во целост ги исполнува предвидените работни задачи а портите ќе допринесат истиот да добие нов и модерен изглед. Вакви помали порти се планира да се постават и на влезовите во одредени туристички зони а покрај тоа ќе биде извршена и целосна маркација на сите планинарски патеки според сите светски стандарди, поставување на информативни табли, видиковци, настрешници и клупи за одмор и др.