|
Гостите од Чешка задоволни |
|
|
|
|
Напишано од Info Point
|
|
13.05.2009. |
На ден 09.05.2009г. гости од Република Чешка извршија спуштање по течението на реката Радика со гумени чамци и кајаци. Овој популарен спорт во светот (попознат како Рафтинг) е се попознат и кај нас. Доказ дека Радика нуди одлични можности за развој на ваквите спортови беше оваа група на странски туристи кои на Радика доаѓаат по втор пат и тврдат дека реката во периодот од април до средината на јуни нуди идеални услови. Националниот парк Маврово ќе ја искористи средбата со чешката агенција која ги организира ваквите настани за да вопостави понатамошна соработка. 







|
|
|
Последно освежување ( 17.09.2009. )
|