Започна сезоната на екскурзии и други активности на територијата на НП “Маврово„. Доказ дека регионот има што да понуди и во останатите сезони после зимаската, се неколкуте најавени посети на домашни и странски гости на кои деновиве им беа претставени дел од убавините на паркот. Организираните посети се во соработка со домашни и странски тур-оператори но поголемиот дел се во приватна организација. Еден од настаните кој ќе ја одбележи сезоната е најавено доаѓањето на една група на љубители на екстремни спортови. Се работи за група која доаѓа од Чешка а која на 9ти мај 2009г. планира да изврши спуштање со гумени чамци по реката Радика. 12 спортисти ќе пробаат да се спуштат се до Дебарско езеро каде што истата се влева. Ова ќе биде прва ваква активност после 50тина години од одржувањето на интернационален натпревар во кајак на диви води на реката Радика.