Националниот парк “Маврово„ преку соработката со холандската развојна агенција SNV успешно го реализираше проектот за подршка на туристичката информативна канцеларија. Завршна проектна активност беше поставувањето на два промотивни билборди. Истите се поставени на влезот во националниот парк непосредно пред Сафари паркот “Бунец“ и на излезот од паркот во близина на “Бошков мост„. Благодарение на оваа соработка националниот парк се здоби со преку 2000 мини туристички мапи, беа извршени неколку обуки на персоналот вработен во туристичката информативна канцеларија и беше воспоставена соработка со неколку вакви инфо центри во републикава како и со неколку туристички агенции. Успешната реализација на проектот ќе придонесе оваа соработка да се продлабочи и да продолжи и понатаму. Според последните информации оваа развојна агенција набрзо планира да отпочне со реализација на неколку нови проекти поврзани со развојот на селскиот туризам во НП “Маврово“.