|
Посета на пештерaтa “Шаркова дупка„ "Шаркова дупка" се наоѓа во Општина Маврово-Ростуше, во националниот парк Маврово, блиску до зимскиот туристички центар, поточно во селото Маврово. Пештерскиот бисер е лоциран во непосредна близина на последните куќи од селото. До влезот има 10-ина минути пешачење по изградена патека и скалила. Пештерата Шаркова Дупка, која е отворена за туристите, е заштитена со железна врата и со решетки, украсена со полукружни метални скали и целосно осветлена со рефлектори. Пештерата се наоѓа на длабочина од 20тина метри од влезот во истата, широка е околу 18 метри а долга 25м. |
|
Прочитај повеќе
|
|
За Лазорополе Лазорополе е едно од највисоките населени места во Република Македонија, сместено на надморска височина од 1350 метри и како што ќе се уверите за време на вашата посета, тоа е една од најатрактивните туристички локации на Балканот. Овде можете да уживате во прекрасната природа и фантастичниот призор што се отвора насекаде околу вас и на најдиректен начин да се запоснаете со непроценливото културно историско богатство кое што претставува важен дел од македонското и севкупното цивилизациско наследство.
Лазарополе се наоѓа во Реканскиот регион, област која се протега помеѓу населените места Маврово, Дебар и Кичево, а на запад се граничи со Република Албанија. Заедно со соседните села: Гари, Тресонче, Селце, Росоки, Осој и Могорче го сочинуваат таканаречениот Малорекански подрегион кој ги опфаќа областите по теченијата на реките Мала Река, Тресонечка и Гарска Река како и дел од планината Стогово. Според преданијата селото е формирано од доселеници кои потекнувале од Главино Село, најголемото мијачко село во минатото. Лазорополе настанало подоцна од другите мијачки села но постојано привлекувало нови мијачки доселеници што придонело за зајакнување на неговиот мијачки идентитет. Негувањето на мијачкиот идентитет и денес е присутно кај Лазоровци, не само како облик на традиција, туку како еден од најважните елементи на културното и историското богатство на Мијаците и Реканскиот регион, но воедно важен дел и од општомакедонскиот идентитет.
Во минатото главна стопанска гранка била сточарството, кое со оглед на традициите и природното опкружување, имало исконска вредност. Меѓутоа после втората светска војна сточарството е во континуирано опаѓање, што е последица на миграциските трендови. Во текот на седумдесетите години од минатиот век се отселува и последното семејство... |
|
|
Прочитај повеќе
|
|
|
Туристички информативен центар |
|
|