Најава на хуманитарниот велеслалом Маврово 2012
Настанот ке се одржи од 10 до 12 .02.2012г. За повеќе информации одете на: http://www.bistra.com/
Започнува спортската манифестација “Мавровски Меморијал„
Деновиве на патеката „Мирна долина“ ќе се одржат натпревари во нордиско скијање како дел од традиционалниот Мавровски меморијал. Ќе се одржат трки на на 5 километри за жени и на 10 км за мажи, на кои ќе настапат нордијци од Романија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Македонија и првпат од Венецуела.
Работилница за активностите предвидени со Предлог - планот за управување со Националниот парк Маврово
Со цел подобро запознавање со активностите на Националниот парк Маврово, a воедно и овозможување поголема вклученост на сите засегнати страни, на 21.12.2011 во хотел „Срна“ во Маврово се одржа уште една работилницата за активностите предвидени со Предлог-планот за управување со Националниот Парк Маврово во рамките на проектот „Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во Национален парк Маврово.“
За НП Маврово
Националниот парк "Маврово" е основан со закон на Народното собрание на НР Македонија од 19. 04. 1949 година, со кој шумските предели околу Мавровско поле се прогласени за Национален парк. Според овој закон Националниот парк "Маврово" е формиран "поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели околу Мавровското поле".
Природни ресурси
Подрачјето на НП Маврово се наоѓа во шарпланинската група планини од шаркопадинскиот систем. Според денешните граници, ова подрачје ги зафаќа јужните разграноци на Шар Планина, дел од масивот Кораб и планината Бистра кои граничат со сливот на реката Радика. Мавровското езеро го опкружуваат разграноците на планините Бистра и Шар Планина.
Спорт и рекреација
Месноста Горна Ледина (планинска куќичка на дрво) е едно многу атрактивно планинарско и излетничко место до кое се стигнува со поаѓање од месноста Стапаров мост кај с. Велебрдо или пак од с. Битуше по обележана патека која е добро проодна и истата поминува низ борова шума која патувањето го прави посебно пријатно. После максимално пешачење од 2 часа се стигнува до местото каде што е поставена интересна


Превземања .gif)





