СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите жители на Националниот парк Маврово, заинтересирани за учество на конкурсот за доделување на финанскиски придонес за поддршка при создавање на нови приватни дејности, објавен на 15.12.2009 дека рокот за поднесување на апликациите е продолжен до петок, 19.02.2010. Во рамките на ова ќе бидат одржани средби со локалното население со цел да се дадат упатства и помош за пополнување на формуларите како и да се појаснат некои прашања во врска со конкурсот....
|
|
|
Прочитај повеќе
|
|
Националниот парк Маврово на саем за туризам во Охрид |
 На 17 и 18 јануаари 2010 година во Охрид се одржа третиот по ред меѓународен саем за туризам во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот. На овој саем свој штанд имаше и Националниот парк Маврово заедно со Општоната Маврово и Ростуша. Од страна на Националниот парк Маврово беа.... |
|
|
Прочитај повеќе
|
|
ЈУ Национален Парк Маврово во соработка со Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во планина, Центарот за планински развој од Скопје, Холандската Развојна Организација во Македонија и Туристичката комора на Македонија го заврши проектот за маркација на планинарски и велосипедски патеки во околината нa с. Лазарополе. Со ова се направи голем чекор во однос на збогатување на туристичката понуда во паркот. Покрај маркираните стази, поставените патокази и информативни табли со проектот се изготви и промотивен материјал кој ќе биде од огромна корист за сите оние кои ќе сакаат да го прошетаат овој преубав регион. За оние кои не го познаваат теренот снимени се GPS мапи од сите патеки и истите можат да се преземат во download секцијата на веб станата или на следниов линк: http://www.npmavrovo.org.mk/index.php?option=com_docman&task=cat_view&gid=32&Itemid=96 |
|
|
Прочитај повеќе
|
|
Невладините организации ГВЦ и УКОДЕП во соработка со ЈУ Национален Парк Маврово и општина Маврово и Ростуше, во рамките на проектот “Заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко туризам во Национален парк Маврово„, финансиран од Италијанската кооперација објавуваат Јавен Конкурс за доделување на финансиски средства за поддршка при создавање на нови приватни дејности. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани кои живеат во рамките на Националниот Парк Маврово да ги подигнат предлог апликациите и да ги пријават своите проектни идеи во просториите на Информативниот центар во Маврово или во општинските простории во Ростуше. Апликацијата може да ја симнете од нашата интернет страница на линкот подолу (кликнете на Јавен Конкурс): http://www.npmavrovo.org.mk/index.php?option=com_docman&task=cat_view&gid=32&Itemid=96 Телефони за контакт: 042/489-425
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
|
|
|
|
Маркирани стази во Лазарополе |
ЈУНП “Маврово„ во соработка со Македонската Асоцијација на интернационални водачи во планина, центарот за планински развој од Скопје и SNV -канцеларијата во Скопје, извриши маркација на неколку планинарски патеки во регионот на с. Лазарополе.Со ова на сите љубители на планинските спортови и планинарењето им се овозможува да поминат пријатни мигови низ прекрасните планински предели во овој дел од националниот парк. Маркирањето е извршено професионално а наскоро ќе биде изготвен и соодветен промотивен материјал како и мапи во електронска форма снимени со GPS кои ќе можат да се добијат во Инфо центарот на националниот парк “Маврово„како и на веб порталот. Проектот е дел од програмите за развој на туризмот... |
|
|
Прочитај повеќе
|
|
|
Нови билборди и инфо табли |
Градежната група при ЈУНП “Маврово„ ги постави двата нови информативни билборди преку кои сите посетители ќе се запознаат со некои од правилата за однесување во природа. Вакви билборди ке бидат поставени на самиот влез и излез од паркот т.е кај Бунец и Бошков мост... | |
|
Прочитај повеќе
|
|
|
Националниот парк Маврово и Општината Маврово и Ростуша на саем |
 Одличната соработка помеѓу Општината Маврово и Ростуша и Националниот парк Маврово продолжува. Имено на 25 и 26 ноември 2009 г. овие две институции имаа заеднички.... |
|
|
Прочитај повеќе
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 27 од 53 |